Пешевски годинава очекува раст поголем од 3,5 отсто

Bez autora
Feb 20 2011

Македонија веќе сега е подобро подготвена за членство во ЕУ, во споредба со подготвеноста на неколку сегашни членки. Македонија сега е на листата на држави што даночно најмалку го оптоваруваат бизнисот. „Наша реалност се Косово и Србија, но и инвеститори кои се прашуваат каде можат да го шират пазарот, ако дојдат во Македонија. Очекувам промени кон подобро, бидејќи сите држави во регионот се трудат да ја зацврстат економијата. Тој е оптимист во однос на предвидувањата за економските движења за годинава и смета дека растот ќе биде поголем од 3,5 отсто. „Уште поголеми очекувања имам за 2012, кога ќе почнеме некои проекти кои моментно се во фаза на подготовка.

Пешевски годинава очекува раст поголем од 3,5 отсто„Македонија веќе сега е подобро подготвена за членство во ЕУ, во споредба со подготвеноста на неколку сегашни членки“, смета вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во интервју за словенечкиот весник „Финанце“ вели дека Македонија сега е на листата на држави што даночно најмалку го оптоваруваат бизнисот. „Наша реалност се Косово и Србија, но и инвеститори кои се прашуваат каде можат да го шират пазарот, ако дојдат во Македонија. Очекувам промени кон подобро, бидејќи сите држави во регионот се трудат да ја зацврстат економијата“, истакнува Пешевски.

Тој е оптимист во однос на предвидувањата за економските движења за годинава и смета дека растот ќе биде поголем од 3,5 отсто. „Уште поголеми очекувања имам за 2012, кога ќе почнеме некои проекти кои моментно се во фаза на подготовка. Меѓународните институции при нивните предвидувања се конзервативни и попесимистички во однос на македонските. За 2009 предвидуваа дека македонската економија ќе се намали за 5 отсто, потоа прогнозата ја коригираа на 3, а потоа и на 2,5 отсто. На крајот, намалувањето беше 0,7 отсто“, рече Пешевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik